ФОТО: Писториус има нова девојка, 19-годишна студентка


Атлетичарот против кого денеска почнува процесот за убиство на неговата пријателка Рива Стенкамп е во врска со 19-годишната студентка Леа Склај Малан

lea-oskarЈужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус има нова љубов. Според британскиот “Сан”, тоа е 19-годишната студентка Леа Скај Малан. Таа е од богато јужноафриканско семејство, а со Писториус се запознала на одмор во Мозамбик, каде што била заедно со своите родители.

Врската е откриена во предвечерието на процесот против Писториус, кој пред една година ја застрела по грешка својата пријателка Рива Стенкамп.

Телевизиската мрежа “Скај њуз”, пак, прикажа снимка како Писториус ја бакнува Рива само неколку дена пред убиството за кое е обвинет.

Green_M_1924300a Снимката ги прикажува Писториус и Рива Стенкамп во една голема стоковна куќа во Преторија десет дена пред убиството на Денот на вљубените изминатата година. Сигурносните камери на трговскиот центар прикажуваат како двојката бира продукти, разговара и се смее. Во еден момент Писториус ја бакнува својата девојка.

“Скај њуз” прикажа и друга снимка на која атлетичарот вежба пукање од огнено оружје на едно стрелиште, и тоа неколку месеци пред убиството. Телевизијата прикажа и снимка на која Писториус пука во лубеници и се смее. На снимката се гледа и пиштолот со кој е убиена Рива Стенкамп.

Судењето на Писториус почнува денеска во Преторија. Тој изминатата година пред судот изјави дека по грешка во куќата ја убил својата девојка бидејќи мислел дека е провалник. Обвинителството го обвини 27-годишниот атлетичар за убиство со умисла. Тој ја застрела Рива во главата и во раката и ако биде прогласен за виновен, му се заканува затвор од 25 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1