Последниот ден на Џим Морисон – како почина легендата на Дорс (видео)


Околу неговата смрт со години кружат контроверзи, но официјалната причина за смртта се компликации настанати заради преголемо количество на дрога и алкохол. Морисон почина во Париз 1971 година.

 

morisonМорисон е една од оние ѕвезди кои припаѓаат на неславниот клуб 27, сочинет од млади музичари кои починаа на 27 години (Курт Кобејн, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин). Тој не е познат само како музичар и пејач, туку и како поет. Почина наводно од предозираност од дрога, иако и до денес околу смртта на пејачот има многу контроверзии. Неговата долгогодишна девојка Памела Курсон го пронајде мртвото тело во кадата во неговиот стан во Париз, градот каде и денес се наоѓа неговото почивалиште, на Пер лашес покрај Гертуда Стајн, Оскар Вајлд и Mарсел Пруст.

Морисон важи за комплексен лик, кој предизвикувал контроверзи.

„Луѓето повеќе се плашат од смртта, одошто од болката. Чудно е што се плашат од смртта. Животот боли многу повеќе од смртта. Во моментот на смртта, болката запира“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1