Осомничениот Ј.С. заработил две кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена исправа..
Банкарски службеник од Струмица е осомничен од полицијата дека со фалсификат документи украл 10.000 од сметка на клиент на банката. Осомничениот Ј.С. заработил две кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена исправа.
Како што информираат од МВР, осомничениот Ј.С. кој бил вработен како референт на благајна во Универзална инвестициона банка – Експозитура Струмица, злоупотребувајќи ја својата службена положба, без овластување, во три наврати подигнал 10.000 евра од сметка на клиент на банката.
Од полицијата велат дека осомничениот за подигнатите парични средства изготвил банкарски документи-девизни исплати, а на местото на документите назначено за потпис на примателот ставил потпис во име на сопственикот на сметката како тој да ги има подигнато паричните средства.