Банкари на кокаин се виновни за светската криза


Дејвид Нат, контроверзен научник кој во 2009 година тврдел дека земањето екстази е сигурно колку и јавањето коњи, вели дека со злоупотреба на кокаин предизвикана е финансиската криза, пренесува Sunday Times.

bankari„Банкарите земаат кокаин и не вовлекоа во овој ужасен неред”, вели тој за британскиот дневник, а додава дека тоа се случило затоа што кокаинот ги правел премногу сигурни во себе и повеќе ризикувале.

Нат е професор по неуропсихофармакологија на познатиот колеџ Империјал. Тврди дека кокаинот е совршен за банкарската „култура на возбудување и потерата за се повеќе и повеќе и повеќе”.

Тој во интервјуто тврди дека злоупотребата на кокаинот предизвикала и пропаст на банката Барингс во 1995 година, која во тоа време била најсилна банка во Британија.

Професорот Нат е отпуштен во 2009 година.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1