Банкарските сметки ќе се одблокираат само ако има услов и со барање


Извршителите нема да отвораат нови предмети за извршување заклучно со 30 јуни, а за оние предмети кај кои постапката е почната пред 31 март, можно е одложување на извршувањето на налозите само во одредени случаи, и тоа ако должникот достави барање до извршителот што треба да достави барање до банката.

Ова го предвидува новата уредба од 16 април, со која се измени и дополни Уредбата за примена на Законот за извршување донесена на 1 април.

„Со предложената уредба со законска сила се создава систем и можност за поединечно ослободување на секоја поединечна сметка на должниците, од страна на извршителите, со цел непречено да ги користат во целост средствата од своите плати, пензии, но и секој тип на помош која се одобрува во овие вонредни услови на пандемија на ковид-19. Целокупниот процес ќе се одвива електронски во склад со мерките и препораките од заштитните мерки на Владата“, соопшти Владата.

Во новата уредба може да се види долга листа на случаи во кои не важи извршувањето на налозите што стигнале до банките до 31 март. Но, на пример, не може да се види дека нема да бидат блокирани пари што некој некому од странство ги уплатил како помош. И тие пари ќе ги изеде блокадата.

Според новата уредба, одблокада може да се побара за овие пари: примање врз основа на законска издршка; надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето, намалување, или губење на работната способност; надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката; примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување; примање од права на парична помош од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност; примања од правата за заштита на децата; стипендија, кредит и помош на ученици и студенти; примање на питомци на Воената академија; надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом; примање врз основа на патни трошоци; примања од право на социјална сигурност за стари лица; средства исплатени како хуманитарна помош или надомест на штета во ситуации предизвикани од елементарни непогоди; надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија; примања на лица во резервниот состав на Армијата, примања на воени и мирновременски воени инвалиди; примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента; пари од договор за осигурување на животот и парите исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и физички лица заради надминување на последиците од корона вирусот.

Само со доказ дека станува збор за некој од овие видови примања, должникот до извршителот, преку електронска комуникација, поднесува барање за одложување на извршувањето. Извршителот до носителот на платен промет преку електронска комуникација поднесува барање за одложување на налогот за извршување до 30 јуни 2020 година, без притоа да се наруши редоследот на прием на налогот, пишува во Уредбата.

Slobodenpecat.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1