Банките не простуваат: Место имот може да наследите и рати за кредит – еве која е процедурата


Наместо куќа, викендичка, луксузен автомобил, пари на сметка, по смртта на близок роднина може да наследите и долгови. Ниту банките ниту другите доверители не прогледуваат низ прсти и не ги бришат долговите на починато лице, туку бараат да се намират или од жиранти или од наследниците. Често во последно време при читање на тестаментите директните наследници се шокирани кога дознаваат дека наместо имот, наследуваат кредит.

zirant dogovor izvrsitel

Банкарите се категорични дека на наследниците им останува или да прифатат редовно да ги отплаќаат преостанатите рати од кредитот или да ризикуваат присилна наплата.

Извршителите, пак, се категорични дека долгот се наследува и наплаќа само ако се наследува и имот.

– Ако станува збор за предмет од 1, 2 или 3 милиони денари, банките поведуваат оставинска постапка за обврската да падне на наследниците. Но тоа повторно не значи дека ќе најдат имот од кој ќе можат да го наплатат долгот .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1