Романец побарал дозвола за еутаназија, наведувајќи дека е изморен од животот во сиромаштијата. Маричел Постолака од градот Јаша, кој работел во јавниот градски превоз, останал без работа пред шест години.
За ситуацијата во која се наоѓа го обвинил претседателот Трајан Басеску, премиерот Виктор Понт и министерот за правда Мон Пивничер.
Постолака во судот поднел барање во кое инсистира да му организира безболна смрт бидејќи неговата секојдневна ситуација станува сè полоша и неподнослива.