Судот ја отфрли жалбата на една од членките на групата Пуси рајот


Московскиот Апелациски суд одби да ја разгледа жалбата на Екатерина Самуцевич, една од членките на контроверзната панк група Пуси рајот, на пресудата со која четирите видео-снимки на таа група се оценети како екстремистички.

Судиите проценија дека до оглед на тоа што немало странки во спорот, Самуцевич не можела да се жали на пресудата.

Pusi-rajotНа тој начин оваа пресуда се смета за неоспорена и добива правно дејство, така што видео-внимките и јавно се квалификувани како екстремистички материјал, Со пресудата на која се жалеше Самуцевич, судот на московскиот дистрикт Замоскрорецки наложи да им се ограничи пристапот до јавноста на тие видео снимки, кои се појавија на пет интернет портали.

Трите членки на панк група беа судени во Москва за „хулиганство“ откако во тамошната црква „Исус Спасител“ настапија пред олтарот со остри критки на власта и посебно на рускиот претседател Владимир Путин.

pussy-riot-tolokonikova-smeje-seРускиот Апелациски суд кон крајот на минатата година одлучи да ја ослободи Екатерина Самучевич од првобитната пресуда со која трите девојки беа осудени на по две години затвор, додека нејзините пријателки остануваат зад решетки.

Сите три беа обвинети поради навреда на верските чувства на руските граѓани откако во православна црква изведоа панк-перформанс во кој ја повикаа Девица Марија да ги спаси од Путин.

Затворската пресуда за членките на Пуси Рајот предизвика големи протести во земјата и во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1