Бараат 12 луѓе и нудат плата од 2.500 евра за една година да го прошетате светот


Проектот “Светско животно искуство” (WLE) бара 12 луѓе кои се подготвени да ги споделат своите искуства од патувања и на тој начин да се промвира важноста на општествената одговорност.

На нивната веб-страница беше објавено дека месечната плата ќе изнесува 2.500 евра, а дека лицата кои ќе бидат избрани ќе мора да патуваат низ светот една година. Сите останати трошоци ќе им бидат покриени од овој проект.

Планирано е шест мажи и шест жени на возраст од 20 и 35 години, да посетат 40 земји во Европа, Азија, Африка, Америка и Океанија.

Учесниците треба да патуваат во групи и да ги споделат своите искуства за секоја земја низ белешки и визуелна содржина на сајтот “WLE” и на социјалните мрежи.

Според описот на понудата, главни активности на кои учесниците ќе треба да се сконцентрираат се културата, забавата и општествената одговорност.

Главна цел е да се поттикне “општествена одговорност со директни донации од глобални невладини организации” и работа со локални субјекти.

За да се регистрирате морате да го пополните формуларот на нивната веб-страница до 30. јуни.

Групата на учесници која ќе биде избрана првото свое патување ќе го започне во Лисабон, Португалија на 15. септеври 2017 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1