Се разведуваат Трамп и Меланија – Меланија го изневерувала Доналд со бодигард


Разводот на американскиот претседател Трамп и Меланија е веќе договорен, објавија швајцарските медиуми, повикувајќи се на извори од Вашингтон.

Швајцарскиот „NZZ News„ објави дека овие тврдења се од Клод Тејлор поранешен соработник на предизборниот круг на Хилари Клинтон.

Тој вели дека добил доверливи информации дека Доналд и Меланија веќе ги потпишале документите за развод.

Од почетокот на мандатот, медиумите пишуваа за наводните проблеми во бракот на претседателската двојка.

Тие и живеат одвоено, Доналд е во Вашингтон, а Маланија во Њујорк, но одат на патувања заедно, но сепак спијат во одвоени кревети, а и неколкупати беа снимени како Меланија одбива да го фати Трамп за рака.

Медиумите тврдат дека Меланија изгубила интерес за својот сопруг.

На Твитер осамна информација дека првата дама на САД, Меланија Трамп, го изневерувала американскиот претседател Доналд Трамп со шефот на обезбедување во „Тифани енд Ко“ во Кулата на Трамп.

Тврдењето дека Меланија е неверна се појавило на 1 јуни, откако жена со име Моника Бирн напишала серија твитови за наводната прељуба, наведувајќи дека информациите ги добила од извор што таа го смета за релевантен. Изворот не е именуван.

Познатиот холивудски блогер Парез Хилтон ја презел сторијата за наводното неверство на Меланија Трамп, објавувајќи и низа твитови напишани од Моника, на чиј Твитер профил било наведено дека е „писател, уметник, активист, патувач, футурист, феминист и говорник на ТЕД“.

Според напишаното, Бирн споделила информација што ја добила од извор кој одбива да го именува. Таа ја повторила и шпекулацијата што поранешниот вработен во Белата куќа, Клод Тејлор, ја споделил на Твитер пред неколку седмици – дека има информација од добро упатен извор дека Доналд и Меланија имале подготвено документи за развод, но никогаш не ги доставиле до суд затоа што ненадејно Трамп победил на претседателските избори. Наводно, договорот бил да се разведат ако Трамп изгуби, односно да останат заедно ако стане претседател.

Од Белата куќа ги негирале таквите тврдења, а портпаролот инсистирал дека тие извештаи се лажни, како и информациите дека Меланија се чувствува мизерно во бракот со претседателот на САД.

Инаку, во твитовите на Бирн стоело дека Меланија со години има афера со шефот на обезбедување во луксузната продавница „Тифани“ лоцирана во Кулата на Трамп. Таа истакнала дека не може да го обелодени изворот и дека семејството Трамп најверојатно ќе ги негира овие тврдења, велејќи дека се работи за „лажни вести“.

Бирн посочила сериозни обвинувања дека госпоѓа Трамп „очигледно се чувствува мизерно“ и дека аферата е дополнителна причина што таа не е среќна со нејзиниот сопруг или со фактот дека тој победил на изборите. Таа напишала и дека афеата е причина и што Меланија „не го напушта Њујорк“.

Моника Бирн ги замолила новинарите понатаму да ја истражуваат сторијата, велејќи дека Доналд Трамп несомнено би бил посрамотен ако се потврди она што го зборува таа.

Доналд и Меланија Трамп се мета на безброј шпекулации за развод уште откако Доналд беше избран за претседател на САД. Постојано се појавуваат информации дека Меланија била несреќна во овој брак и се прават анализи на говорот на телото на првата дама кога таа е во близина на Трамп. Гласините за неволјите во рајот ги подгреа и тоа што Доналд секогаш ја остава Меланија зад себе, не ја држи за рака и чекори пред неа, а Меланија во неколку наврати возврати со иста мерка (видеозаписот кога го удира по раката).

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1