БАРААТ ДИРЕКТОР АЛБАНЕЦ – УЧЕНИЦИ АЛБАНЦИ ОД АРСЕНИ ЈОВКОВ БОЈКОТИРААТ НАСТАВА


Учениците Албанци од средно економско училиште „Арсени Јовков“ во скопската населба Бутел, веќе два дена ја бојкотираат наставата, пренесува Нова Македонија

arseni jovkov2

Причините за тоа надлежните од училиштето ги дознале преку соопштение, кое било доставено без никаков потпис, а во кое пишувало дека учениците секој ден по еден школски час ќе изразуваат незадоволство поради разрешувањето на Назми Рамани, помошник директорот во оваа установа, како и поради нивното убедување дека во училиштето се дискриминирани според нивната етничка припадност.

Јованка Аспровска, директорката на ова училиште, пак, била известена дека бојкотот ќе трае се додека не даде оставка од функцијата и на нејзино место не се назначи директор Албанец.

Директорката се сомнева дека учениците биле изманипулирани, зашто причина за разрешување на директорот било неговото отсуство од работа во континуитет, без никакво објаснување.

Во училиштето се запишани 2.300 ученици, од кои на македонски наставен јазик учат 1.200 ученици, а останатите 1.100 ученици ја посетуваат наставата на албански јазик.

Ситуацијата во средното економско училиште ја следат Министерството за образование, Државниот просветен инспекторат и надлежните од градот Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1