Фејсбук страница на македонски патриоти кои бараат од претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја приклучат Македонија кон Руската Федерација по примерот на Крим.
Во краткиот опис на групата со име Путине, приклучија и Македонија”, која е основана пред четири години, се дава поддршка за Русија да не дозволи навлегување на западните сили на нејзината територија. Членовите бараат поддршка за нивната идеја.
-Ние народот, ако не се почитуваме како Македонци, Срби, Црногорци и останати православци на Балканов и си подадеме раце едни на други, ќе не распарчат се вели во еден од коментарите на групата.
Ваква група е формирана и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Ерменија, Белорусија.