ХААРП антените на Балканот


Како што „Правда“ веќе опширно има напишано ХААРП антенскиот ситем е програма на активно аурорално истражување на високи фреквенции (кратко ХААРП) и претставува истражувачки проект во насока на разбирање, стимулирање, и контрола на процесите во јоносферата, која е дел од атмосферата на Земјата на височина од 50 до 80 километри, и која содржи голема количина на јони (наелектризирани честички) формирани од страна на делувањето на сончевиот ветер и имаат големо влијание на простирањето на електромагнетните бранови.

haarp-300x221ХААРП антенскиот систем според многумина влијае на околината, но и на менталната свест, има влијание и на климата и климатските промени. ХААРП антенскиот систем со работа почнал од трети мај годинава во Бараево. Биологот и екологот Дејан Маркуш кој веќе долго време живее и работи во САД каде ги проучува појавите поврзани со ХААРП, за „Правда“ вели дека и на Американците веќе одамна им е познато дека овој антенски систем може да влијае на климата и дека не е случајно што токму ова лето, кога ХААРП системот почнал да функционира, Балканот станал пожешко место и од Сахара.

Некои мејлови и прашања не навеле дека ХААРП антените не постојат во Бараево, како што некои поединци наведуваат, кои наводно биле таму и имаат документирани докази. Се поставува прашањето, каде се наоѓаат ХААРП антените на Балканот? Најновиот доказ нас не наведува на нова трага, а тоа е Косово (или Црна Гора, што е малку веројатно) Фотографиите се снимени на подрачјето над Сараево. Летото 2012 година, големи жештини и пожари на Балканот.

billederhaarp-hole-in-sky2-300x2251На Косово се наоѓа најголемата НАТО база на Балканот и со оглед на тајноста на ХААРП инсталацијата, подразбираме дека најдобро место за антените е воената база на Косово. Делувањето на антенскиот ХААРП систем создава дупка во заштитниот слој на Земјата, кој не штити од негативното влијание на сонцето и соларните ветрови. Овие дупки се движат низ горниот дел од атмосферата, овозможувајќи штетни ефекти врз површината на Земјата, а исто така штетното зрачење го создава и тој дел од атмосферата кој е озрачен.

Американската администрација официјално објави дека ХААРП се користи за да се истражуваат начините на санирање на озонската обвивка, но вистинската цел е контрола на климата на местата каде што тие ќе посакаат, како и манипулација и контрола на луѓето. Балканот е посебна земјотресна зона, особено поради тензииите кои се случуваат речиси меѓу сите држави поранешни членки на Југославија, а тоа е една од можните резултати на делувањето на ХААРП на психата на човекот.

Haarp-Locations-around-the-WorldБрановите можат да ги онеспособат противниците Да се разбере ризикот од наведениот проект би требало да се потсетиме на фреквенциите во рамки на тоа кој може да влијае на мозокот и да предизвика промени во неговите различни ментални состојби. Поточно, на мозокот активно влијаат сите зрачења во опсег од еден до 50 херци. Бета брановите (13-30Hz) влијаат на таканаречената бета состојба на мозокот, односно нормално дневна будна состојба; алфа брановите (8-12Hz) е во состојба на релаксација и спокојство; Тета брановите (4-7Hz) е во состојба на поспаност; и делта брановите (1-3Hz) влијаат на мозокот во состојба на длабок сон. Докторот Велимир Абрамовиќ уште на 6 април 1995 година, во интервју за списанието Шесто сетило, изјави:

„Постојат фреквенции кои го менуваат расположението, но нивната модулација се чува во тајност. На пример фреквенцијата од два до три херци предизвикува малодушност, поспаност и замор, а од 11 до 13 херци, се чувствува прилив на енергија, агресивност и зголемување на работната состојба. Уредот за евентуално електронско војување на овој принцип, може да емитува различни фреквенции и да го онеспособи противникот“.

Ажурирањето на земјотресите е последица на ХААРП, и се јавува точно на местата наведени погоре. Косово.

ЕКСКЛУЗИВНО: ХААРП антените се преселни од селата во близина на Бараево на некоја непозната локација!

haarp-balkan-jugoslavija-hrvatska-srbijaПостојат налудничави медиумски натписи во врска со наводното штетно влијание на ХААРП антените на животот на Србите и за тоа дека надлежните служби во август 2012 година, почнале да ги преместуваат контроверзните направи од местото Белјин кај Бараево. Како што дознава Press.rs од мештаните на ова село, во близина на Белград, демонтажата на ХААРП почнала пред две недели.

„Во тој период, тука доаѓаа некои луѓе, вршеа разни мерења, а птоа почнаа да ги отстрануваат и уништуваат антените. Тие не сакаа да приоѓаме додека работеа, но сите во селото збореа дека станува збор за преместување на некое ново, помало населено место“, вели за Press.rs жител од Белјин кој сакал да остане анонимен.

haarp-660x524Не е познато која државна или (парадржавна) институција ги вршела овие работи, каде и што ќе прави со американскиот систем. Кај српските теоретичари на завери се појавиле идеални одговори на прашањето што ги предизвикува сите овие проблеми. Зголемените температури на Балканот, сушата, апатијата.

Приказната за специјалниот американски ХААРП антенски систем (електронски акцелератор на магнетни бранови) беше објавена неодамна во српските медиуми, а наведено е дека овој систем влијае на функционирањето на мозокот и ги тера луѓето да бидат нервозни и агресивни. ХААРП беше активиран на 3 мај во Србија, и сите ги почувствуваа ефектите наводно истиот ден, бидејќи имаше ненадеен пад во атмосферскиот притисок, и локалните жители на Белјин и околните села се пожалиле на тешка главоболка и губење на здивот. ХААРП антените се наоѓаат на уште 150 места во светот, а нејзиниот главен објект се наоѓа во Алјаска.

HAARP-sustav-antene-mozakНаучниците веруваат дека ХААРП може да биде катастрофално штетен за Земјината обвивка, особено во јоносферата, која не штити од штетните ефекти на радијацијата од вселената. Некои веруваат дека токму ХААРП системот доведе до промени на климата и катастрофалнот земјотрес во Јапонија. Според теоретичарите на завери, ХААРП го оштетува човечкиот мозок, предизвикувајќи нервоза, агресивност, создава озонска дупка во атмосферата, предизвикува поплави и земјотреси, брзо ја загрева планетата, и влијае на климатските промени.

За тоа колку сериозно и опасно може да биде ова оружје не предупредуваат само теоретичарите на завери, туку напротив истото било ставено на дневен ред и на Европскиот парламент по иницијатива од страна на мајорот Брит Теорин.

тоа може да се види и на самата интернет страна на ЕП погледнете тука :  http://www.europarl.europa.eu/press/sdp/backg/en/1998/b980209.htm#0

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1