Една жена од Тенеси која беше во потрага по мажот кој ја бакнал на бостонскиот маратон оваа година, конечно доби инфомрации за него. Од неговата сопруга.
Барбара Теџ изјави дека ќерка ја предизвикала да бакнува случајно избран мажи додека трчала низ Велсли, каде жените традиционално нудат бакнежи на тркачите. А по трката, нејзината ќерка преку социјалните мрежи се обиде да го пронајде мажот кој остави добар впечаток на нејзината мајка.
Работите се покренаа и на локалните медиуми набрзо им се јавила сопругата на мажот когп Барбара го бакнала. Таа вели дека сето тоа им е забавно, но сепак сакаат да останат анонимни.
– Кога приказната е објавена, бевме многу изненадени. Што се однесува до мене, не сум налутена. Верувајте ми, нашите пријатели многу се забавуваат со оваа приказна и уживав гледајќи како „го ставаат во машина“ мојот сопруг, рече анонимната сопруга за локалните медиуми.
– Иако ова не е крајот кој можеби сте го посакувале, тој спонтан момент улови забава, енергија и духот на бостонскиот маратон. Се гордеам со твојата храброст и ти посакувам многу среќни трки во иднина, и порача на Барбара, која и одговори благодарејќи и на добрата желба и позитивниот пристап.