Роднини се убијците на браќата на возраст од 24 и 25 години во тетовско


Изутрината околу 7 часот покрај патот за селото Седларево, кај месноста Јабланица со огнено оружје биле усмртени двајца браќа од селото Мерово, на возраст од 24 и 25 години.

Постариот брат починал на самото место, а помладиот на пат кон тетовската болница. Други две лица пак, роднини на убиените, се сериозно повредени од огнено оружје и се пренесени на скопските клиники.tetove

На двојното убиство во тетовско Мерово, каде беа убиени двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, му претходела кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство.

– Утринава во периодот од 6:00 до 7:00 часот настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство. Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1