Јанкулоска: Да се реагира смирено и достоинствено, но и одлучно и бескомпромисно


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на Денот на полицијата-7 мај во честитката до припадниците на МВР, ги повика во деновите кои следат да одговорат смирено и достоинствено, но исто така и одлучно, бескомпромисно и пожртвувано.jankulovska

„Пред нас претстојат денови во кои креаторите на кризи, дестабилизација и анархија повторно ќе ја стават на тест приправноста, професионализмот и храброста на полицијата. На овие предизвици потребно е да се одговори на истиот начин како и до сега – смирено и  достоинствено, но исто така и одлучно, бескомпромисно и пожртвувано. Во овие денови на искушенија, Вие со Вашето дело испишувате светли страници во современата македонска историја, дело на кое граѓаните Ви се благодарни и кое ќе го паметат, а идните генерации ќе знаат да го вреднуваат и споменуваат“, пишува Јанкулоска во честитката.

Честитката на министерката започнува со пофалби и благодарност до припадниците на МВР за пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност на работата.

„Вашата храброст која секојдневно ја демонстрирате ќе ја помнат македонските граѓани на кои им помогнавте при поплавите и временските непогоди, кога одредени места беа отсечени од комуникација заради снежните навеви или, пак, останаа без електрична енергија. Граѓаните очекуваат да го браните и правото, слободно и демократски секој да го изрази своето мислење. Да ги штитите овие придобивки. Сепак, граѓаните очекуваат професионално и одлучно да реагирате на секој обид да се наруши спокојноста и мирот и да завладее хаос. На секое насилството и вон институционално узурпирање на волјата на граѓаните мора соодветно да се одговори“, им пиша Јанкулоска на вработените.

По повод денот на полицијата во четврток во 10 часот во Министерството за внатрешни работи зграда бр.1  ќе се положува цвеќе пред споменикот на бранителите, 10:15  пред зградата на гранична полиција и во 10:45 пред споменикот на бранителите во жена парк. Во 12 часот во касарната Ѓорче Петров  ќе биде отворен ден за граѓаните каде ќе биде изложена опремата од единиците во МВР.

Макфакс.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1