Нѐ чека топло долго лето – целосна спротивност од лани


Познатата американски метеоролошка фирма „AccuWeather“ ги објави најновите прогнози за претстојната летна сезона во Европа. Според нив, во овој дел од Европа ќе биде најжешко, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша.

Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион.

leto.jpg500

Имајќи предвид дека лани ова време „AccuWeather“ ги најави дождовите, се очекува и оваа година прогнозата да е прецизна.

Бранови на топлина  особено ќе бидат изразени во средината на јули и во текот на цел август, кога на ова подрачје температурите ќе надминуваат вредност од 32 степени Целзиусови, а во најтоплите периоди и над 38 Целзиусови степени .

Влажното време од минатиот период ќе спречи појава на суши, иако не се исклучува можноста за краткотрајни суши, кои можат да влијаат на помал принос од земјоделството.

Во остатокот од Европа прогнозата е шаренолика. На северозапад нема да биде претерано топло, а во Полска, Чешка, Белорусија, и Украина се очекуваат чести бури со грмотевици. Од истокот на Шпанија, преку југот на Франција, па до Италија ќе преовладува типично летно време, додека повремени дождови се очекуваат на западот на Шпанија и во Португалија.

Во Франција, Белгија, Холандија и западна Германија, ќе биде жешко, додека во Ирска и западна Шкотска, се очекуваат температури пониски од вообичаените.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1