Барате работа? МВР вработува 50 лица – еве што бара


МВР распиша оглас за вработување на 50 извршители, со завршено високо образование.

mvrВрз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 ,39/12, 13/13, 25/13,170/13, 187/13 и 113/14), член 49 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11 и 158/11), член 95  од Законот за Полиција („Службен весник на РМ„ бр.114/06, 6/09. 145/12 и 41/14), а во врска со Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09)

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ РАСПИШУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

За прием на 50 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен или најмалку 240 кредити според ЕКТС, и тоа:

  I.   7 извршители со завршено образование од областа на информатичка  технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција

  II.           4 извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите

  III.       10 извршители со завршен  Природноматематички факултет

 -насока хемија и биологија

  IV.         2 извршители со завршен    Природноматематички факултет

 -насока физика

   V.          1 извршител со завршен  Машински факултет

-насока моторни возила

   VI.        8 извршители со завршен    Правен факултет

-5 извршители со завршен Правен факултет

-3 извршители завршен Правен факултет и со положен   правосуден испит

   VII.      8 извршители со завршен   Економски факултет

-насока банкарство и јавни финансии

   VIII.    10  извршители со завршен  Факултет за безбедност

Кандидатите  под точка III ќе засноваат работен однос на работни места во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи односно надвор од подрачјето на град Скопје.

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-да е државјанин на РМ,

-да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование

-да е здравствено и психофизички способен и

-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)

-познавање на работа со компјутери

3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

-диплома за завршено високо образование,

-извод од матична книга на родените,

-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,

-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и

-кратка биографија (CV)

Кон апликацијата кандидатот може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес .

Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и:

– извод од историјатот на вработувањата, издаден од Агенцијата за вработување

-препораки од претходните работни места кои содржат податоци од лицето кое го препорачува

-потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации, трудови и публикации

-меѓународно признати сертификати за познавање на еден од шесте официјални јазици на Организацијата на Обединетите нации

-потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководно лице на институцијата во која е реализиран волонтерскиот стаж

-и други документи од интерес

4. Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои:

-одлични меѓучовечки вештини

-способност за тимска работа

-организациски вештини

-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови

-професионално однесување и позитивен однос кон работата

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведуваат Комисии за селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи формирани од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11, 114/2012, 187,2013 и 116/2014 ) и Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09) и истата се спроведува во следните фази:

– административна проверка на поднесената документација

                – писмено тестирање (стручен, општообразовен тест)

                – психолошки тест

                – интервју

                – здравствени прегледи

6.  Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.

7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8.Документот за докажување на државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.

9.По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за внатрешни работи.

10. Пријавите со потребната документација, кандидатите се должни да ги достават лично до архивата на Министерството за внатрешни работи на ул.„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, секој работен ден во текот на работното време, односно од 08,30 до 16,30 часот.

11.Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1