Башибозлук: Советници не враќаат службени компјутери, фалат слики од општините, купени станови на море


Советници во Собранието на Град Скопје и по истекот на нивниот мандат лани по одржување на локалните избори не ги вратиле лаптоп-компјутерите кои им биле дадени на користење од Градот. Ова го покажал извештајот од годишниот попис на средствата со кои располагал Градот во 2013 година, спроведен од Централната комисија за вршење попис , пишува Вечр.

popisСтанува збор за три компјутери. Од нив два компјутери, како што наведува Комисијата, им биле доделени на двајца советници со истечен мандат кои и по речиси една година не се раздолжиле со задолжената опрема која им се доделува за извршување на функцијата советник. Третото, пак, лице кое биле задолжено со лаптоп изјавило дека компјутерот му е украден во странство. Комисијата предложила овие три лица повторно да се повикаат за да се раздолжат со опремата. Кои се советниците кои не ги вратиле компјутерите на Град Скопје, не е наведено во извештајот на пописната Комисија.

Освен компјутери Комисијата утврдила и дека на Град Скопје му недостига уметничкото дело од Зафир Хаџи Митров “Беаз Куле” од 1965 година кое претходно по пописот од 2012 година било попишано во барака бр. 14.

Комисијата во пописот истакнала и дека Град Скопје поседува два стана на море во Мелиње кои се со локација во Херцег Нови и се евидентирани во имотен лист.
– Пописната комисија не може да ги потврди овие станови и предлага во 2014 година да се формира комисија која на лице место ќе ја утврди фактичката состојба на становите, предлагаат од пописната комисија.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1