Бата Живоиновиќ имал мозочен удар – во критична состојба е


Познатиот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ претрпел мозочен удар и се наоѓа во болницата „Свети Сава“ во Белград, каде лекарите се борат за неговиот живот, соопшти белградски Прес.

79 годишниот актер во вторникот преживеал тежок мозочен удар. Прогнозите на лекарите не се охабрувачки. Поспан е и тешко комуницира и генералното здравје му е загрозено, велат извори на прес

Познатиот актер кој до сега играл во повеќе од 150 југословенски и српски филмови во 2006 година имаше инфаркт, а боледуваше и од гангрена но се лекувал на Куба и ја победил болеста.

Поради инфарктот срцето му е оштетено, а Бата е и дијабетичар.

Еден од најпознатите филмови на Бата е Валтер го брани Сараево со кој стана популарен низ целиот свет, посебно во Кина.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1