BBC им забрани на вработените да јадат банани


Британскиот јавен телевизиски сервис “Би-Би-Си“ им забрани на вработените да јадат банани на работа откако една колешка ги предупредила шефовите дека ова овошје може да убие.
NCI_06Постерите, што се поставени во фирмата и на кои е прецртана фотографија од банана, директно им порачува на вработените да не лупат и да не јадат банани во близина на колегите, пренесуваат британските медиуми.
“Постерите се поставени на посебни места во дескот и ги опоменуваат вработените на солидарност кон нивната колешка која има медицински проблем кога се бананите во прашање“, рекла портпаролката на “Би-Би-Си“.
Бананата предизвикува два вида алергиски реакции – првата е реакција на полен и оние кои се алергични добиваат осип и отоци на устата, додека другата е многу поопасна, а тоа е анафилактички шок т.е. компликации со белите дробови.
izvor: Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1