Турција ќе гради вештачки канал кој ќе ги поврзува Црното и Средоземното Море


turkey-flagТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на осмата редовна седница на Генералното собрание на Здружението на турските стопанственици АКСОН, каде изјави дека во првиот квартал од годинава ќе биде објавен тендер за изградба на проектот „Канал Истанбул“. 
Овој канал ќе ги поврзува Црното и Средоземното Море и ќе го подели европскиот дел на Истанбул со цел да се олесни сообраќајот во Босфор. „Канал Истанбул“ е проект за изградба на канал долг 45 километри и широк 150 метри.
Ердоган истакна дека Турција во последните 10 години забележи значителен напредок и тој тренд ќе продолжи и во иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1