Дали оваа нумерологија замеша прстите или не, не е познато, но секако, бебево е родено во неверојатна серија на броеви
Парот на Масачусетс го слави раѓањето на нивната ќерка, која е родена во нумерички редослед, во 10:11, 12-13-14.
Станува збор за американското сметање на месеците во годината, така да 12-13-14 поточно би значело, 12ти месец, 13ти ден, 2014 година. Среќните родители не ни претпоставиле за оваа коинциденција за бројките и нивното бебе, се додека лекарите не им ја соопштиле веста.
Дали овие бројки ќе замешаат прстите и на ова бебе му претстои светла иднина, или ова е само сплет на околностите, останува да се види.