На Легија сакаат да му го убијат семејството?


Сопругата и ќерката на Милорад Улемек Легија, осуден за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ, се под полициска заштита поради опасност по нивните животи. Четириесет и шестгодишниот Легија побарал од српските власти да им обезбедат полициско обезбедување на неговата сопруга Маја Луковиќ (42) и на ќерката Н.Л. (16), кои пролетоска се вратиле во Србија од Канада. Стравот од одмазда кај Легија бил поради тоа што му помогнал на обвинителството да се расветли убиството на новинарот Славко Чурувија.LEGIJA1

– Откако го откри името на убиецот на Чурувија преку посредници добил закани, па од тогаш стравува за безбедноста на своето семејство. Затоа најпрво барал да се врати обезбедувањето на неговата сегашна сопруга Александра Ивановиќ (40), а побарал обезбедување и за првата сопруга и за ќерката кои од Торонто се вратиле во Белград, вели изворот на српски „Ало“.

Маја Луковиќ заминала од Србија во 1998 година, а сега решила да се врати за да ја одвои ќерката од друштвото во Канада за кое сметала дека лошо влијае на неа.

Таа неколку пати го посетила Легија во затвор и побарала од него да ѝ помогне во воспитување на ќерката која првпат си го видела таткото пред неколку години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1