Еден денар од секоја кутија цигари за пациентите со ретки болести


Новогодишен подарок за сите пациенти со ретки болести е одлуката на Владата еден денар од купена кутија цигари да се издвојува за лекување на овие лица, сметаат од здружението “ Живот со предизвици”. Според Весна Стојмировска ова е долгорочно системско решение за обезбедување редовна терапија  со што  значително ќе им се подобри квалитетот на живот на овие луѓе.Cigarete

Според податоците од здружението во Македонија има 100-тина пациенти со ретки болести.  За најголем од нив нема терапија. Од “Живот со предизвици” велат дека ќе продолжат да се залагаат земјава да добие национална стратегија по примерот на многу европски држави и да се поедностави администрацијата за регистрација на лекови.

Со по еден денар од продадена кутија цигари проекциите се дека годишно за лекување на пациентите со ретки болести ќе се издвојуваат околу 250 милиони денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1