Рамазанско чудо се случи среде урнатините на Газа – бебе девојче извадено од стомакот на мајката убиена во израелски напад. И на празникот, со намален интензитет, се крши примирјето – израелската војска возврати на палестински ракетен напад врз Ашкелон.
Вистинско чудо се случи во Палестина, откако едно девојче се роди десет минути по смртта на мајка му, Шејме Јанан.
Мајката загинала во израелски напад, а лекарите биле принудени веднаш да направат царски рез и на тој начин да се обидат да го спасат бебето.
-Се случи чудо, бидејќи мајката пред десет минути почина. Во такви случаи бебињата кои што се уште се во утробата не преживуваат-изјави Фади ал Кхроте од болницата Ал Акус.
Во домот во кој живееле четири семејства со пет деца, паднале две ракети, а загинала само Шејма.
-Ова е дар од Господ, таа ни е првата внука. Ни таа, ниту пак ние нема да можеме да живееме во мир додека трае израелската инвазија-истакна бабата.
„Советот за безбедност изразува силна поддршка за повикот на меѓународните партнери и на Генералниот секретар за итно и безусловно хуманитарно примирје и доставување на неопходната помош и за време на Еид Фитр“, изјави Јуџин Ричард Гасана, амбасадор на Руанда во ОН.
Во џамијата Ал Акса во Ерусалим, на рамазанската молитва, десетина илјади Палестинци протестираа во знак на поддршка на Газа.