Бебе од 15 дена ги преживеа поплавите во Обреновац


Малата Зорица, во 15-тиот ден од животот преживеа евакуација од поплавените кои го зафатија Обреновац и заедно со нејзината мајка Марина Поповиќ (30) и уште 38 други жители на Обреновац , се наоѓа во Белград Хотел “N”, каде што беа пренесени во петокот вечерта.

bebe11Во топла облека и опкружена со играчки, малата Зорица храбро позира пред камераите, додека нејзината мајка се уште се обидува да се смири од шокот кој што го доживеа за време на несреќата кој ја зафати Србија.

Два дена бевме во стан, отсечени од светот и во неизвесност. Немав вода за да и зготвам јадење на мојата ќерка, беше ладно за пресоблекување, а немаше ни струга како би можеле да се стоплиме. Погледнав надоле и навистина имаше што да видам, нивото на водата постојано се зголемуваше. Тогаш, конечно до нас стигнаа руските специјални сили. Тие не евакуираа во гумен чамец, вели мајката за српскиот весник “Ало” мајката.

bebe6– Веќе не знам кој ден е, колку време сме тука, и што следно треба да направи. Среќна сум што Зорица има голем напредок, иако беше предвреме родена во 35 недела. Но, ниту таа ниту другите деца не требаа да ја преживеат оваа траума. Пред четири дена не знаев што се случуваше и дали воопшто е жива мојата постара ќерка Милица (10)- вели Марина и објасни дека ноќта кога се случија поплавите Милица била кај својата баба во Бело Поле.

– Целата куќа им беше поплавена а тие четири дена живееја на таван со само два литри вода. До понеделникот не знаев дали воопшто е жива мојата ќерка- вели мајката.

Нејзиниот сопруг Александар, како што вели цело време помагал за евакуирање на луѓето во Обреновац да се извлечат од поплавените куќи.

Таа ја завршува својата потресна приказна со тоа дека најважно е што сите се живи и здрави и што најлошото помина па сега нема простор за паника.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1