Бебе родено во метро доби доживотна бесплатна карта


Едно бебе е родено на станица на подземна железница во Мексико Сити, а меѓу првите подароци кои ги добило е доживотно бесплатно возење со метро.

Поезд_Алматинского_метроМајката на новороденчето вчера тргнала со подземната железница до болница, кога ненадејно започнале контракции.

Дваесет и две годишната жена се породила на влезот на една станица, а во тоа, покрај лекарите на итна помош, и помогнале и вработените во метрото и полицијата.

Штом ја слушнал веста, градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Мансера веднаш на својот профил на Твитер напишал дека малото момче, кое се уште нема име, ќе има право да се вози со метро цел живот бесплатно

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1