Бебе жаба се родило на гинекологија во Скопје


Бебе жаба родено на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Новороденчето живеело 4 дена, а кожата му била бела и груба. Мајката не одела на прегледи и била четврта бременост, јавува Канал 5matka porogjaj bremenost

Бизарната приказна за новороденчето со редок синдром од Клиниката за гинекологија и акушерство е главен пример за тоа колку е важна редовната посета на гинеколог. Акушерите биле запрепастени од изгледот на новороденчето кое пред шест месеци било родено таму.

– Плодот беше со аномалија на кожата, односно марморизирана кожа, дефект на коските на черепната шуплина и други аномалии, многу редок синдром, велат од клиниката.

За три години работа на новата клиника за гинекологија и акушерство ова е еден од немилите настани, докторите апелираат навреме да се оди на сите контроли.

Раководителите на клиниката објаснуваат дека новата клиника има современа опрема на сите одделенија. Во пораст се предвремените раѓања и затоа на клиниката има навремени дијагностики за спречување на раѓањата и пред шестиот месец.

Минатата година имало 6 илјади раѓања на клиниката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1