Бебенце заболело од западно-нилска треска во Македонија


Бебе, кое имало неполна една година, заболело од западно-нилска треска, со што е вториот случај на ова заболување за оваа година, информираат од Министерството за здравство, по добиените информации од Институтот за јавно здравје.

bebe_raka-500Станува збор за бебе (со неполна година), кое не патувало надвор од државата, а симптомите на болеста започнале пред неколку дена, по што било хоспитализирано на Клиника за детски болести со покачена температура, течна столица и секрет од нос.

Во моментов, бебето е во добра општа состојба и пуштено е на домашно лекување(вчера попладне). Станува збор за заболување што се пренесува со каснување од заразен комарец со вирусот на западно-нилска треска. Кај најголем број заболени, болеста може да помине асимптоматски (без симптоми), додека кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор и сл, а само кај 1 процент може да се јават посериозни компликации (менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа).

Најдобра превентива е самозаштитата (користење креми и средства против комарци), како и дезинсекцијата на јавни површини. Комисијата за заразни болести при МЗ редовно ја следи состојбата со ова заболување во Македонија и ги презема потребни мерки за превенција, навремена дијагностика и лекување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1