Новороденчето од Арачиново на кое по само неколку часа од раѓањето некој му го пресекол јазикот, лекарите конечно најавуваат дека за него доаѓаат подобри денови по преживеаната тортура.
Имено, тимот американски лекари кои деновиве се на работен престој на Детската клиника, откако ги извршиле сите детални прегледи на Најден, донеле одлука дека е неопходна операција на јазикот и ја закажале на првиот ден штом Најден ќе наполни три месеци, пишува Дневник
Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче .Операцијата ќе ја извршат американски лекари во Скопје, со помош на македонски хирурзи. Тимот американски лекари го предводи доктор Таб Kалбсрон. Најден е сега во стабилна здравствена состојба.
Повеќе на – Дневник