Бебенцето најдено на хауба било тепано по глава – има хематоми на главчето


Додека полицијата трага по човекот-монструм, кој завчера вечер околу полноќ треснал петмесечно женско бебе од хаубата на еден автомобил во центарот на Скопје и избегал, бебето на Одделението за интензивна нега се грчеше и извиваше од болка и покрај лековите што ~ и ги дале лекарите. Легнато во малото креветче на одделението за интензивна нега, бебето плачеше и во сон. Лекарите постојано беа покрај неа и ја галеа за полесно да заспие, пренесува Дневник.

50F897A94A86CA44BB4E4E78CE420F6B

Лекарите велат дека не е во животна опасност, но има сериозни подливи – хематоми на главата и кај колкот и задникот.  Лекарите, неофицијално, се сомневаат дека детето е и сексуално малтретирано, но повеќе детали ќе соопштат откако ќе ги завршат сите прегледи.

Бебето оставено на хауба било злоставувано!

Медицинскиот персонал вели дека станува збор за неверојатно убаво бебе, добро хрането со убави бело-румени обравчиња, многу необични бадемести очи, мало носе и љубопитен поглед. Велат сака внимание, сака да го држат во раце и да се гали.

Додека оваа малечка несреќна убавица се бори да закрепне, полицијата с` уште трага по монструмот, кој ~ наштетил на малечката.

Според полициски извори, случајот во полиција го пријавил анонимен минувач, кој потврдил дека непознат маскиран маж го фрлил бебето врз хауба од автомобилот паркиран на улицата Никола Вапцаров, зад поранешната зграда на Министерството за финансии.

Аспазија Софијанова, директорка на Детската клиника, вели дека детето е во стабилна состојба, но поради околностите, засега ќе остане на

Од МВР изјавија дека во интерес на истрагата деталите ќе ги соопштат набргу. Неофицијално од полициски извори Дневник дознава дека мајка вчера изутрина во една од скопските полициски станици пријавила дека ~ го нема бебето.

Шок: 3 месечно бебе оставено на хауба од автомобил во центар на Скопје!
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1