Бебешките душеци полни со штетни хемикалии


Бебешките душеци може да бидат опасен за здравјето , предупредуваат експерти од Универзитетот во Тексас. Пената со која се полнат душеците испушта потенцијално токсични хемикалии, испарливи органски соединенија (VOCs) , кои се дел од производите за чистење и миризливите  спрејови.

bebesko krevetceИстражувачите проучувале 20 примероци од стари и нови душеци полнети со полиуретанска пена и полиестер пена. На тоа ги поттикнал фактот дека бебињата 50-60 проценти од деноти тој спиеше. Намерно ги  изоставиле имињата на производителите, со цел да го привлечат вниманието на многу поголем проблем.

Новите душеци емитуваат четири пати повеќе VOCs од старите душеци . Новите душеци во еден час емитираат 87,1 микрограми на метар квадратен , а старите 22,1 микрограми на метар квадратен. Тоа е повеќе од ламинат и тапети кои емитуваат 20-50 микрограми на испарливи органски соединенија за метар квадратен. Истражувачите во душеците пронашле 30 различни видови на VOCs вклучувајќи фенол, линалол  и лимонен кои на средствата за чистење им даваат мирис на лимон.
Бебињата се многу осетливи на внатрешната контаминација на воздухот, така што душекот треба да се проветрува често, пренесува Daily Mail.

Повторна употреба на стари душеци или добро проветрување за да се намали изложеноста на бебињата на опасни хемикалии. Меѓутоа, со старите  душеци исто така треба внимателност , бидејќи тие исто така може да содржат токсични материи, предупредуваат експертите.

Zdravstvo24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1