5 години живеел затворен во јама две години не јадел ништо!


Рускиот војник Саша Воронцов, поминал пет години во чеченски затвор, две години не му давале да јаде, на него вежбале борба гради во гради, неколку пати пукале директно во него, но пак не успеале да го убијат!

Полковникот Антоније Мајншин, раскажува како за време на првата чеченска војна, 1995-та година, во место Ханцелак, кое во превод од чеченски значи – мртва клисура ги чекаше заседа. Пристигнавме за 15 минути. Хеликоптерите ја неутрализираа огнената позиција на брдата над нас и на наше големо изненадување групата речиси во потполност беше спасена. Недостасуваше само Саша Воронцов.”, раскажува полковникот.

fderjtklr7Саша бил снајперист, седел на водечкото возило и со експлозијата бил исфрлен во долината 40-50 метри надолу. “Почнале да го бараат не не можеле да го најдат го барале три дена по планините, но Саша никаде го немало. Го отпишале како исчезнат и го препорачале за медал за храброст”, додава Антоније.

Пет години покасно, во Аргунската клисура во Шатојскиот регион имало населен пункт Итум-Кале, а за време на блокадата во пунктот мирните жители го информирале полковникот дека кај нив во темнина, во јама лежи веќе пет години еден руски припадник на специјалните сили.

Саша Воронцов пет години во таа јама вршел нужда и живеел,  два до три пати неделно го ваделе да работи, да ги копа чеченските тврдини. Не него Чеченците се вежбале и се обучувале за борба гради-во-гради и со ножеви.

sasaТие се обидувале со нож да го прободат в срце, а тој се обидувал со голи раце да се одбрани. Во нашите специјални единици момците се добро обучени, но тој бил измачен, не можел да им пружи отпор, ги промашувал, така што рацете му беа исечени. Тој падна пред нас на колена, не можеше да говори, плачеше и се смееше. А потоа изговори: “Момци, ве чекав пет години, драги мои”. Ние го земавме на раце, го загреавме, го облековме. Тој потоа ни раскажа што се случувало со него во текот на петте години.

Прашувам: “Како преживеа?”, а тој вели: “Можете ли да замислите командире, го бакнував крстот, се молев, јадев глина. На зима јадев снег”. “Па како?”, прашувам. А тој вели: “Знаете тие глинени топчиња ми беа послатки од домашна пита. Благословените топчиња од снег беа послатки од мед”.

sasa2Да не побегне, му ги пресекле тетивите на нозете, не можел да стои. Го ставале на работ на карпи, тој клечел, а на 15- 20 метри од него стоеле неколку луѓе со автомати подготвени да пукаат.

Во Саша се заљубила чеченска девојка, од него многу помлада. Имала 16 години. Таа три години му носела козјо млеко. Родителите ја фатиле на дело, ја претепале речиси до смрт, и ја заврзувале во тесна соба. Нејзиното име е Ассел.

“Бев во таа тесна соба, таму е многу ладно, дури и во летните месеци, има мали прозорци и заклучена врата со катанци. Ја врзуваа, но таа успеваше навечер, да излезе низ прозорецот, да ја измолзе козата и да донесе млеко”.

Ассел ја понесе со себе. Таа се крстила и сега се вика Ана, се венчаа и имаат две деца, Кирил и Маша. Прекрасно семејство.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1