Домаќински совети: Со пегла се вади восок и мастика, завеси се избелуваат со прашок за пециво…


Сите знаеме колку може да не изнервира масна дамка на омилената кошула или посивена завеса која не можеме да ја замениме со нова. Меѓутоа овие теикови можат да ви помогнат во такви ситуации

cistenje4Дамките секако се најголемиот проблем при перењето на облека, а најнезгодни се оние од мастика или восок, како и флеките од масна храна.

Еве како можете да ги исчистите пред перење.

  1. За да отстраните восок или мастика од гардероба или постелнина, оставете прво да се исуши, а потоа отстранете колку можете. Преку флеката ставете весник. Со пегла поминете неколку пати горе долу и мастиката односно восокот ќе се залепи за весникот.
  2. Масните флеки кои остануваат после перењето на веш (или воопшто кои ќе се најдат на вешот) лесно ќе ги отстраните ако ги посипете со дечја беби пудра, малку почекате, потоа пудрата истресете ја од облеката.
  3. Завесите повторно да бидат чисто бели после перење, потопете ги една вечер пред тоа во вода во која сте ставиле прашок за пециво. На три литри вода оди еден прашок за пециво.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1