Бебето на родилката која почина во Гегелија било родено живо


Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина, јави Телма за случајот во Гевгелија, кога починаа мајка и бебе.bolnicA gevgelija

Смртта на родилката Маја Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, пишува во наодот на Судска медицина. Во него детално стои дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.

Истрагата, која е при крај и сите докази, според извори од обвинителството, водат кон четворица вработени во болницата против кои најверојатно ќе има обвинение.

Двајца анестезиолози првооосмничени за смртта на родилката и нејзиното бебе, кои вечерта биле пијани, се суспендирани од работа до крајот на истрагата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1