Четиримесечниот Најден денеска ќе биде подлегнат на оперативен зафат за да се отстранат причините поради кои дојде до влошување на неговата здравствена состојба.
– За состојбата на Најден се собра тим од лекари, убаво го прегледавме и ја забележавме причината за влошување на состојбата. Имено, поради отсечениот јазик, сега страдаат и гласните жици. Секако, промените на овие делови и нивната дисфункција влијаела врз белите дробови. Утрово рано тој ќе биде опериран. Сите сме околу него, се надеваме на најдобро, вели директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова.
Инаку, денеска се навршуваат точно четири месеци откако малиот Најден беше пронајден во грмушки во двор во скопското село Арачиново со отсечено јазиче и завиткано во крпа.
Полицијата се уште не може да ги пронајде неговите родители за кои се претпоставува дека го сториле ѕверскиот чин над новороденчето. Но, и покрај односот на неговите родители, Најден не остана сам тој го доби вниманието од цела Македонија и поширока, целиот персонал од Клиниката е посветен на негово здравје. За Најден беа организиран и голем број на хуманитарни акции, а веќе беше пројавен и интерес за неговото посвојување.
Kurir.mk