Живеј од воздух 17 години и ќе си купиш стан!


Да се купи стан во готово со штедење само од плата во Македонија е научна фантастика. Европејците тоа го можат, иако кај нив цената на станбениот квадрат е неколкукратно повисока. Но, кај нас работите стојат сосема поинаку.

stedi za stanМатематиката базирана на официјални бројки од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажува дека тукушто венчан млад брачен пар ќе има дете пред полнолетство кога ќе ги собере потребните пари за стан од 70-ина квадрати, под услов да има една плата од која ќе може да јаде, да пие, да плаќа сметки и да ги задоволува другите потреби и уште една во висина на републичката просечна, која ќе ја става на страна. Или, за да си купи стан од 70 квадрати во Скопје, едната плата во висина на просечната не треба да ја чепка цели 17 години.

Ако се споредуваме со Балканците, сите сме тука некаде. Најблиску ни се српските семејства кои за да си купат стан една плата треба да штедат само неколку месеци подолго од нас.

Според пишувањето на порталот “Каматица”, последниве неколку години цената на станбениот квадрат во Србија паднала за цели 40%. Сега становите во Белград имаат цена што се движи од 900 до 3.500 ева и во просек изнесува околу 1.400 евра. Во Бугарија квадратот во просек чини 1.305 евра и тоа е најниската цена во целата Европска унија, додека во Загреб се регистрирани рекордни 1.700 евра. Според податоците на агенцијата “Анадолија”, на Балканот најевтини се становите во Сараево и Подгорица, каде цените се слични на нашите, 1.020 и 1.000 евра во просек.

Најтешко до стан се стигнува во Русија, каде се потребни 10 просечни нето плати, потоа во Франција каде стан се купува со 9,4 плати годишни плати, а следуваат Велика Британија и Италија. Најлесно е во Данска, каде истиот стан може да се купи со нешто повеќе од двегодишна заработка. Според неодамнешната анализа на најголемата светска база за квалитетот на животот “Нумбео”, за стан од 90 квадрати Германците треба да штедат само пет години, а рекордери се Грузијците на кои им треба повеќе од половина животен век, или точно 40 години.

Повеќе на – Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1