Бебето Најден се чувствува подобро


Сепак добрите мисли му помогнаа на Најден, велат лекарите од детската клиника во Скопје. Најден е подобар, лекарите велат дека од вчера неговото здравје полека се подобрува.

Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката за детски болести, за Дневник вели дека вчера телефонот во нејзината канцеларија се воспалил од јавувања на новинарите и загрижени граѓани.

bebe44– Сите деца се посебни, но очигледно е дека Најден предизвикува големо внимание откога е роден. Тој с` уште е на интензивна нега, но е подобар. На одделението за интензивна нега има доволно персонал, сите се околу детето. Се трудиме и му помагаме. Се надевам дека брзо ќе ја надмине оваа состојба. Сега е многу важно да се најдат луѓе што ќе го посвојат, потребна му е родителска љубов и нежност и што е можно поскоро да му се пресади јазичето, вели Софијанова.

Таа додава дека јавноста навреме ќе биде информирана за состојбата на бебето.

– Особено сум им благодарна на младите што се грижат за Најден. Пофалби заслужува акцијата што ја спроведоа изминатиот викенд. Сумата што ја собрале не е голема, но чинот и хуманоста ја прават вистинско богатсво. Само големите луѓе умеат да бидат хумани и да помагаат. Ако младите се согласат, би можеле со тие пари да уредиме една од собите на Kлиниката и да му се купат играчки за насмевка на Најден – додава таа.

Најден ќе остане на Kлиниката за детски болести с` додека не дојдат тимот лекари од Америка, кои ќе му пресадат јазиче. Најверојатно таа операција ќе се изврши штом Најден закрепне, за неколку месеци.

Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1