Бебето од Дојран нема денга вирус, се чекаат резултатите за зика


Сомнителниотслучај на Бебето родено со мала глава од Дојран нема денга вирус.

Ова го потврдиле резултатите од испитувањата кои пристигнале денес потврдува министерот за здравство Никола Тодоров. Останува да се чекаат резултатите од проверувањата дали кај ова бебе има Зика вирус. Тие би требало да пристигнат за десетина дена.zika 30-mikrocefalija

И покрај тоа што од директорката на детската клиника изјави дека сите други испитувања за присуство на вируси се направени и останаа само овие два, а детето има видливи аномали во делот на черепот и е со мала глава сепак Тодоров смирува.

После разговорите со повеке стручњаци е убеден дека нема простор за паника.

Инаку аномалиите кои најверојатно се предизвикани од вирус се настанати уште во првите 3 месеци од бременоста кога е развојниот период на мозокот и на другите органи.

Мајката во тој период патувала во Грција. Била касната од комарец што е особено важно во случајов бидејќи токму овие инсекти го пренесуваат вирусот.

Според Тодоров формирана е комисија која го следи случајот и без разлика на резултатите ќе се следи каде е направен пропуст. бременоста на мајката според нејзино тврдење била редовно следена па спорно е како гинеколозите не ја забележале аномалијата кај плодот бидејќи ваквите деформации се видливи и на ЕХО.

Инаку, вирусот Зика е најопасен за бремените жени, влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1