Бебето од Штип не изело отров, но ЗОШТО се крена паника – имало ли отров за глувци во градинката?


Kристина Ампева, мајка на 17-месечното бебе за кое вчера се крена бура од сомнежи дека голтнало отров за глувци во градинка, вчера изјави дека според резултатите на крвта Анџела немала труење. Информацијата дека со Анџела с` е во ред ја потврди и директорката на скопската клиника Аспазија Софијанова додавајќи дека тоа е веќе отпуштено да си оди дома.

mother-_-baby-1_1Целата приказна почна кога мајката на Анџела напишала на социјалните мрежи дека се во болница откако во градинка ќерка ~ голтнала розово парче отров за глувци.

– Завчера околу пладне негувателка во детската градинка се посомневала бебето случајно да не дошло во контакт со некаков отров оти претходно во градинката била извршената дератизација, па тоа веднаш било однесено во болница каде што не биле констатирани никакви знаци на труење – вели Илија Митров, директор на детската градинка „Асибо“ во Штип.

Според официјални информации од штипската болница, детето додека престојувало кај нив, немало клинички знаци на труење. На Kлиниката за детски болести било испратено по барање на родителите.

– Јас ги разбирам родителите, но крената е непотребна паника – вели Александар Стојановски, директор на штипската болница.

Она што сега се наметнува како прашање на кое одговор бараат сите родители кои имаат дечиња во градинските е дали навистина имало отров во градинката кое бебето можело да го голтне. Ако имало зошто имало? 

gradinka deca„Воспитачката постапила правилно, како мајка! Не сакала да ризикува и веднаш алармирала иако не била сигурна што детето лапнало и секоја чест за неа. Јас сакам да знам дали навистина децата биле внесени во училница каде непосредно пред тоа се ставало отров за глувци, ако е така тогаш тоа е страшно. Се знае дека 15 месечни бебиња лазат, ставаат работи во уста… со кој памет ги внеле во просторија каде имало отрови?, прашува Наталија Богатинова од Скопје мајка на 3 год дете во градинка.

„ во градинките има деца во една група по 10 15 – неможат воспитачките да постасаат сите да ги имаат постојано на око. Прашувам ако се вршела дератизација зошто не се затворила градинската додека не изветрее отровот. Па и да не го голтнало детето тие отрови испрауваат и децата ни ги дишат,, вели Пелагија Ванковска, мајка.

„ Каде има дим има и оган. Не би требало да се заташка оваа работа сега. Штом е крената толкава паника значи имало шанси тоа што го голтнало детето да е отров – среќа пто не бил па детето е добро. Мајката на фејсбук убаво напишала дека им рекле дека постои моѓност да голтнало отров, нешто голтнало, не знаат што, и нормално е секој родител да не сака да ризикува и да инсистира да детето биде однесено во болница. Ќе каже ли некој ИМАЛО ОТРОВ ВО ПРОСТОРИЈАТА ИЛИ НЕ – И АКО ИМАЛО ЗОШТО ИМАЛО????, Вели Дијана Божиновска, мајка

„ Прво директорот информираше дека немало детето како да додје до отров во градинката, зошто тогаш е крената паниката? знаеме ли каде ни ги чуваат децата?, прашува Милан Ѓурчинов татко на 2 годишно девојче кое посетува градинка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1