БЕГ воведе електронско плаќање на сметките за парно


Балкан енерџи груп (БЕГ)-Снабдување воведе електронски систем за плаќање на сметките за топлинска енергија со кој на скопјани им се овозможува преку новата BegEPay платформа на брз и едноставен начин да ги проверат според име и датум сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци.parno

Како што информираат од компанијата, преку новата BegEPay услуга може да се платат сите доспеани сметки, односно фактури, освен оние кои се предмет на тужба.

За да може потрошувачот да го користи системот за електронско плаќање на сметките потребно е да се регистрира, односно да креира свој кориснички профил, следејќи го упатството поставено на веб страницата на БЕГ– Снабдување www.beg-snabduvanje.com.mk .

Од компанијата најавуваат дека воведуваат новина и во делот на бојата на сметките во зависност од бројот на неплатени сметки. Отсега потрошувачите кои немаат заостанати неплатени сметки за греење ќе добиваат сметки со бела боја, оние со две неплатени сметки ќе добијат сметка со жолта боја, а оние со три или повеќе неплатени сметки ќе добиат сметка со црвена боја.

Од неодамна компанијата започна и со достава на сметки на кои се претставени сите податоци според кои се врши пресметката на надоместокот за топлинска енергија што на потрошувачите им овозмжува детален и прецизен увид на нивните трошоци.

За сите детали поврзани со сметките потрошувачите може да се информираат со популнување формулар на веб-страницата на БЕГ-Снабдување, да се јават на телефонскиот број на Центарот за грижа на потрошувачи – (02) 3076 200, да испратат СМС порака на мобилниот телефон 076/350 567, да контактираат преку е-пошта на: [email protected], или да дојдат во Центарот за грижа на потрошувачи на ул. „Лондонска“ бр. 8, секој работен ден, од 8 до 19 часот и во сабота од 8 до 13 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1