Ќе се расплачете: Девојче (4) му ја врати волјата за живот на непознат старец (ВИДЕО)


Сè започнало оној ден кога 4 годишната Нора Вуд од САД отишла со мајката во супермаркет за да пазари за својот роденден. Во еден ред меѓу полиците видела еден тажен стрец и застанала. Му мавнала со раката и му рекла „Здраво, стар човеку. Денес ми е роденден“.dan-nora-640x360

Му го рекла тоа на 82 годишниот Дан Петерсон кому сопругата му починала шест месеци претходно по што тој паднал во тешка депресија.

Тој изненадено ја погледнал со малку насмеано лице и ѝ одговорил: „Па здраво млада дамо, како си денес? “dan-nora1-640x597

Двајцата разговарале неколку минути, а мајката подоцна раскажала дека глетката била неверојатна. Разговарале како да се познаваат со години, а на крајот таа посакала да се слика со него.dan-nora3-640x655

Позирале заедно гушнати како стари пријатели кои не се виделе со години.По оваа средба тие станале вистински пријатели кои постојано се гледаат. Дан дури бил и на вечера во нејзниот дом. Малото девојче, како што вели старецот, му го променила животот и му дала причина за живот која ја загубил кога починала неговата сопругата. Да ја гледа како расте.

-Тој ден кога ја запознав беше најдобриот ден кој го доживеав по долго време. Пред да го сретнам ова весело девојче, со месеци бев депресивен, се сожалував самиот себеси и на сè гледав песимистички. Таа ме врати во живот, повторно внесе светлина во него, чувство на среќа, вели Дан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1