Бегалец од Сирија почина во Куманово


Педесет и осумгодишниот О.Ф. од Сирија вчера починал во кумановската болница. Тој првично пристигнал во транзитниот центар „Табановце“ каде се пожалил дека не му е добро.

Фото: Ројтерс

Фото: Ројтерс

Поради влошената здравствената состојба со возило на Црвениот крст бил транспортиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. По укажаната медицинска помош, тој бил вратен во болницата во Куманово каде и починал.

Посмртните останки на починатиот бегалец се сместени во градската капела, каде телото било однесено во придружба на неговата сопруга. Денеска починатиот ќе биде транспортиран во Германија, каде живее неговата сопруга која побарала телото на нејзиниот сопруг да биде пренесено и погребано во оваа европска земја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1