Турчин изрешетал кафуле бидејќи прескапо го платил чајот


Турската полиција трага за едно лице кое со огнено оружје го „изрешета“ кафуле во градот Коџаели, во севернозападна Турција откако по негово мислење традиционалниот турски чај прескапо го платил.20160119160434_348773

До судирот помеѓу гостинот и сопственикот на кафулето дошло во регионот Коџаели бидејќи келнерот на гостинот му дал сметка во износ од две лири или половина евро.

Гостинот негодувал бидејќи сметал дека тоа е прескапо, но пријателите го смириле, па си заминал од кафулето. Меѓутоа набргу се вратил и го изрешетал кафулето, а притоа бил повреден 73-годишен маж кој се затекол на лице место.

Црниот чај е еден од најпопуларните пијалаци во Турција,а  просечната годишна потрошувачка по глава на жител е 1.000 чаши чај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1