Бегалецот Ахмед од Либија порачува: НАТО ни ги уништи домовите, ние ќе го смениме лицето на Европа


НАТО со крв го натопи целиот Блиски Исток и сега слабата Европа која се препушти на американската Сатана ќе биде уништена. Нашите жени ќе родат многу деца. За пет години лицето на Европа ќе се смени, и рекол бегалецот Ахмед од Либија на репортерката од Космомолскаја правда во гратчето Кањижа.

Рускиот весник објави репортажа на новинарката Дарја Асламова која ги посетила Србија и Унгарија. Ова се дел од нејзините впечатоци од Белград и Кањижа:ahmed.jpg-500

Гратчето Кањижа на српско унгарската граница е преполн со бегалци. Во девет часот наутро се отвора кафеаната Венеција каде бегалците можат да ги наполнат своите нови Ајфони и лаптопи, одат во тоалет или мијат коса во мијалникот.

Во вечерните часови во центарот на Кањижа нема место. Стотина луѓе се сметени на двата централни плоштада. Може да ги има и до 2.000. Кога ќе падне ноќ, мракот е знак за поаѓање. Групите бегалци од по 30 до 50 луѓе се подготвуваат илегално да ја преминат границата со Унгарија. Жителите на Кањижа во молк ги набљудуваат црните сенки на имигрантите.

– Тие излегуваат од градот, а потоа ги собира ромската мафија, вели таксистот Виктор.

Ние не смееме да возиме илегалци, но Ромите прават што сакаат. Тие се главни криумчари на бегалците ширум балканската рута. Ромите го довезуваат бегалците скоро до граница, а потоа низ само нив познати патишта ги превезуваат до шумата во Унгарија. Се почна во јануари. Луѓето почнаа организирано да пристигнуваат секој ден. И протокот се зголеми. Искрено, се исплашивме што ќе се случи со нас?, вели Виктор.

Новинарката го посетила и паркот во Белград каде што се собираат бегалци. Таму разговарала со бегалецот Халид кој рекол дека заедно со неговите другари избегале од Сирија да не бидат регрутирани во војска.

– Зошто да се борам за Асад? Попрво би отишол во Германија, рекол тој.

Зошто не барате азил во Грција, Македонија или барем овде во Србија?

– Тоа се сѐ сиромашни земји, со презир вели Халид.

– Јас дури и не знаев дека Европа е толку сиромашна. Ние во Сирија пред војната живеевме многу побогато. Само на пат кон Белград платив на посредници 3.000 долари. А до Германија ќе морам да платам уште 1.500. Имам пари. можам да платам хотел со пет ѕвезди во Белград, но не ми е дозволено, затоа што локалните власти ни дадоа само 72 часа да останеме во земјата. Мојата регистрација денеска е завршена. Дури и овде во паркот плаќам за туш и тоалет. Но, во Германија се ќе биде бесплатно: образование, помош, куќа за имигрантите. Тоа е добро. Сакам да одам на економски факултет. Што се населам, ќе ја преселам и мојата фамилија: двајца браќа, татко, мајка, баба и три сестри, вели тој.

Бегалците во Белград, не се исти како оние сириски бегалци кои сум ги видела во Либан, оние што изгубиле сѐ и кои полека умираат под бруталното сонце во преполните кампови, оние за кој никој не се грижи, раскажува новинарката. Тие кои успеале да стигнат во Европа се елита. Со пари и со цел.

Полицијата признава дека постојат екстремисти меѓу имигрантите. Но, се што полицијата може да направи е да земе отисоци од прсти. Тоа се таканаречени „слипер терористи“. Кога е потребно ќе се „разбудат“ и Европа ќе ја преплават со тероризам.

Со д-р Ахмед (како што рече дека се вика) се запознав во Кањижа во кафеаната Венеција. Одма обрнав внимание на овој африкански син со темно сјајно лице, дебел, со истурени усни и со раце на хирург, претпоставувам.

Полека пиеше кафе и пушеше цигара. Разговаравме за тоа што е „модерно“ а што не е во војната, и за тоа дека сите бегалци ги уверувале локалните власти дека се од Сирија.

– Тренд. Војна!, доктор Ахмед се насмеа саркастично.

– Во право си. Европа не сака да чуе за бегалците од Ирак и Авагнистан. За нивниот случај се подготвени да ги затнат ушите со вата. Дури и навредливо е да се зборува за бегалците од Либија. Франција и В. Британија ја бомбардираа мојата земја, а сега вртат глава од нас. Тие велат: ете, ние ви ја донесовме демократијата, а вие не умеевте да ги искористите плодовите на слободата! Уствари, вие Либијците треба да се срамите што ги изневеривте нашите очекувања. Се каам што испаднав будала. Бев во еуфорија кога беше симнат Гадафи. Мојот син беше момче, воодушевен од револуцијата, а на крајот загина, говори Ахмед.

Неговото лице остана смирено и кога зборуваше за син му. Тоа е тој фатализам и воздржаност на жител на муслиманскиот исток.

– Имам две ќерки. Побегнавме во Египет што почна хаосот, оставајќи го гробот на мојот син. Јас сум доктор, но во Египет не можев да најдам работа на моето ниво. Секаде има конкуренција. Се надевам дека во Европа ќе ја потврдам дипломата. Знам добро англиски. Можеби ќе имам среќа, вели тој.

– Но мештаните се во паника од инвазија, вели новинарката. – Грци, Срби, Унгарци, Словаци, Чеси тврдат дека не е нивна вина што целиот Блиски Исток и Северна Африка се дават во крв.

– Немам забелешка на Србите. Но, Грција, Унгарија, Словачка и Хрватска се членки на НАТО. Точно дека тие не ја бомбардираа мојата земја, но зарем тие не плаќаат пари во воениот буџет на НАТО? Зарем не праќаат свои војници во Авганистан и Ирак? Тие нема да можат да ја избегнат казната. НАТО е крвав окупатор на целиот Блиски Исток, и сега слабата Европа која се препушти на американскиот Сатана ќе биде уништена. Нашите жени  ќе родат многу деца. За пет години лицето на Европа целосно ќе се смени. Јас на тоа не се радувам. Ја почитувам големата европска култура и не сакам наместо цркви овде да стојат минариња. Но така ќе биде. Тоа е освета. Ишала! вели Ахмед.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1