Бегалка се обидела да се самозапали на преминот кај Идомени


Средовечна бегалка се обидела да се самозапали во реонот на грчкиот премин Идомени, на границата со Македонија, пренесе агенцијата АНА-МПА.azilanti-migranti-790x444

Агенцијата јави дека жената навреме била видена од други бегалци, кои успеале да ја спречат во намерата да се самоубие.

Според сведоци на настанот, бегалката била во тешка психичка состојба и била западната во нервна криза. Таа била сместена во шатор на организацијата „Лекари без граници“, каде веднаш и била укажана прва помош.

Грчката агенција уште информира дека преку преминот Идомени било дозволено минување на композиции на возови, но преку границата не било одобрено минувањето на бегалци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1