„Бејби бум“ во Штип: За 24 часа се родиле 12 бебиња


За 24 часа, персоналот на одделението за акушерство, асистираше во 12 породувања. Бројот на раѓања кои е евидентиран вчера е речиси за три пати поголем од вообичаениот, кога на свет доаѓаат помеѓу четири и пет новороденчиња.

cucla bebeОд вчера родените 7 се машки, а пет  женски, најголемиот дел од нив се родени по природен пат. Во пет  случаи  е направен т.н. царски рез.

Но според најавите, се’ нема да заврши на овој рекорд. Според зборовите на д-р Стаменка Јанкуловска, началник на Одделението  за гинекологија и акушерство, на породување секој момент чекаат уште 12 жени.

Секако овој број упатува на своевиден бејби бум, но во случајов, бројките кажуваат делумна стварност. Тенденцијата за зголемен број новороденчиња се однесува само за јули и август, кога се родени 164 новороденчиња, односно 14 повеќе од истиот период лани.

Во останатите месеци, бројките не се добри, зашто минатата година во Штип се родиле околу 900 дечиња, а заклучно со 20 август оваа година 620.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1