ГМО крави произведуваат „мајчино“ млеко (видео)


Со најновата генетска модификација, бебињата наскоро би можеле да се хранат со „човечко” мајчино млеко добиено од крава.

22cow1Кинески научници, веќе одгледаа 300 грла добиток во кои се вметнати човечки гени, за млекото на кравата да добие исти хранливи и заштитни материи и содржина на масти како и кај жената, и тие тврдат дека нивниот производ е прифатлива алтернатива за вообичаената формула млеко во прав за доенчиња.

Противниците на овој метод ја доведуваат во прашање неговата безбедност, но професорот Нинг Ли, кој го предводеше истражувањето на кинсекиот Институт за земјоделство, вели дека млекото што тие го произведуваат ќе биде безбедно за употреба колку што е и обичното кравјо млеко, и дека за неколку години ќе може да се купи во супермаркетите.

Во написот објавен во престижното научно списание „Паблик лајбери” тимот на професорот Ли објаснува како со помош на технологијата за клонирање успева да вметне човечки гени во ДНК на кравата, при што се добирни неколку варијанти на раста холштајн.

Една од варјантите произведува млеко кое содржи лизозоми – антимикробен протеин во мајчиното млеко кое бебето го штити од инфекција, друга сорта произведува човечки лактоферин – протеин кој го зајакнува имунолошкиот систем, а третиот протеин од човечкото млеко алфалакталбумин. Содржината на мастите е зголемена за една петтина, а содржината на цврстите материи е изменета и повеќе одговара на мајчиното млеко.

Генетски модифицирани млеко е со појак вкус од кравјото, а покрај тоа, може да се користи во храната за бебињата, кинеските научници очекуваат неговата употреба да ја зголеми општата потрошувачка на млекото и млечните производи во Азија, каде што девет десетини од населението е нетолерантно на лактоза и не може да  консумира кравјо млеко без да нема  проблеми со стомакот.

Погледнете го видеото на следниот ЛИНК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1