Бејли: Дури 150 граѓани од Македонија му се приклучиле на ИСИС


Мора да разговараме отворено бидејќи 150 македонски граѓани им се приклучиле на борците на ИСИС во Сирија и Ирак како и што се случува со оние коие се вратиле од таму, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли на отворањето на регионалната вежба „Странски терористички борци: Промовирање превенција и отпор“.

Тој вели дека Македонија и регионот не можат успешно да се борат против тероризмот ако отворено и рационално не разговараат за овој проблем.

– Балканот останува високо ранлив и погоден од можна радикализација, како од насилство дома така и од терористички напади. Амбасадата на САД е ваш партнер и имаме силна соработка со органите – рече Бејли.

Според Бејли во борбата против тероризмот треба да се вклучат сите, односно Владата, граѓаните и компаниите.

– Не може само министерството за внатрешни работи да се бори против лошите момци, потребна е меѓусекторска соработка и во самата Влада, но можат да помогнат и граѓаните. Предноста на Македонија е во тоа што е мала земја и секој со секој се знае, па ако има некој непознат и сомнителен во вашето соседство многу брзо може да се предочи и открие, а борбата против тероризмот е токму борба против непознатото – рече Бејли.

Тој ја поздрави регионалната соработна против тероризмот меѓу Македонија, Албанија и Косово, особено по обидот за напад во Скадар лани во ноември.

Премиерот Зоран Заев рече дека ниту една држава не може сама да одговори на овој проблем и дека Владата е посветена на создавање ефикасен систем за борба против радикализацијата, екстремизмот и тероризмот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1